Бендот Dacapo Band синоќа (среда, 18 февруари) прослави значаен јубилеј – 10 години активно присуство на музичката сцена.
По тој повод, бендот одржа промотивна забава каде пред публиката за првпат беа јавно претставени нивните две нови музички изданија: една вокална песна и една инструментална композиција.

Новата песна го носи насловот „ОДИ СИ“, додека инструменталната композиција е насловена „Cocktail“. Со овие изданија, бендот го продолжува својот авторски пат започнат со претходните песни „Заборав“ и „Казна“, кои беа одлично прифатени од публиката. Песната е компонирана и продуцирана од Тодор Ушитков, продукцијата е реализирана во AudioLab Studio – Тодор Ушитков, додека текстот е дело на Антонио Тасевски заедно со Тодор.

Настанот претставуваше вистинска прослава на десетгодишната работа на бендот, но и искрена благодарност до сите пријатели, соработници и фанови кои ги поддржуваат низ годините.