81 „ЗА“ за „Safe City“ – Mакедонското Собрание кажа ДА за безбедни улици!

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Со години македонската јавност како позитивен пример ги посочува странските сообраќајни системи и строгите правила што таму се почитуваат. Но сега, кога државата воведува сопствен современ систем за контрола и безбедност, пораката е јасна,  време е да се стави ред, законите да се почитуваат и одговорноста да стане заедничка вредност.

Со 81 глас „ЗА“, Собранието го изгласа Законот за прекршоци, со што се создава законска основа за имплементација на системот „Безбеден град“, насочен кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници.
Законот предвидува поефикасно санкционирање на сообраќајните прекршоци преку примена на современи технолошки решенија, како што се камери за контрола на брзината, регистрирање на минување на црвено светло и следење на неправилно паркирање. Овие мерки имаат за цел намалување на сообраќајните несреќи, зголемување на дисциплината на патиштата и обезбедување поголема сигурност за граѓаните, со јасна и транспарентна примена на правилата.

Пратениците на ДУИ и СДСМ гласаа против предложеното законско решение. Од предлагачите ваквиот став беше оценет како спротивен на јавниот интерес, имајќи предвид дека законот е директно насочен кон заштита на човечките животи и унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Од надлежните институции порачуваат дека системот „Безбеден град“ ќе придонесе за воспоставување ред во сообраќајот, транспарентна и неселективна примена на законите, како и еднаков третман за сите прекршители. Со усвојувањето на Законот за прекршоци, државата прави значаен чекор кон модернизација на сообраќајниот систем и приближување кон европските стандарди за безбедност на патиштата, со јасна порака дека правилата важат за сите и дека безбедноста нема алтернатива.

 

Последни вести