Mako Conga: Македонската енергија и ритам на конгите освојува сцени во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Mako Conga е македонски музички артист и перкусионист од Охрид, моментално кој живее во Германија. Со музиката започнува од најмала возраст, кога првпат почнува да удира на тапани, а со текот на времето се пронаоѓа во звукот и енергијата на конгите, инструмент со кој активно работи и настапува до ден-денес.

Препознатлив е по својот енергичен сценски настап и современ пристап кон перкусиите. Активно настапува на музички настани, фестивали и клубски сцени низ Европа особено во Германија.

Неговиот актуелен проект е фокусиран на спој на латино ритми, македонска музика и живи перкусии, со посебен акцент на конгите како главен изразен инструмент. Преку овој проект, Mako Conga ја пренесува и промовира македонската музичка енергија надвор од границите на државата.

Последни вести