Дипломатски успех: Мицкоски и Муцунски обезбедија тарифи до 15% и 0% за дел од производите!

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

 The White House ја објави Заедничката изјава меѓу Америка и Република Македонија за воспоставување рамка за реципрочна, фер и избалансирана трговија, важен исчекор што го отвора патот кон сеопфатен договор со тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и 0%.

Овој договор претставува значаен успех за Владата предводена од Христијан Мицкоски и за министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како и за целиот владин тим, кој со координиран и посветен ангажман обезбеди конкретен економски бенефит за државата.

Во време на глобална неизвесност, рамката гарантира стабилност, зачувување на илјадници работни места и испраќа јасен сигнал до меѓународната заедница дека односите меѓу Македонија и официјален Вашингтон се цврсти, стратешки и насочени кон економски развој. Ваквата препорака е силна порака до потенцијалните инвеститори дека Македонија е сигурна и предвидлива дестинација за нови вложувања.

Последни вести