Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар е назначен Афет Авмедоски
Назначувањето претставува дел од кадровските активности на партијата насочени кон понатамошно зајакнување на организациската структура и подготовка за идните политички предизвици на локално и национално ниво.
По преземањето на функцијата, новоизбраниот претседател упати благодарност до раководството на партијата за укажаната доверба, истакнувајќи дека оваа позиција за него претставува голема чест, но и сериозна одговорност кон членството и граѓаните на општина Дебар.
Тој порача дека негов приоритет ќе биде зајакнувањето на работата на Општинскиот комитет, градењето единство во партијата и воспоставувањето директна комуникација со граѓаните, притоа ветувајќи чесен, одговорен и транспарентен пристап во насока на решавање на локалните предизвици и унапредување на квалитетот на живот во Дебар.