Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија, сместен во Гевгелиско-валандовската Котлина, област Бојмија, во непосредна близина (3 км) на границата со општините Кукуш и Меглен во Егејска Македонија, Грција.
Се наоѓа на 64 метри надморска височина и е под влијание на средоземна клима. Според пописот од 2021 година, во градот има 15.156 жители.
Името Гевгелија потекнува од турскиот збор „göl geli“ – место со многу сенки.
Легендата вели дека еден дервиш кој пристигнал и не сакал да замине, бил избркан од жителите. Разлутен почнал да ги проколнува, но кога тие се уплашиле, го повикале назад со зборовите „гел-гери“ („ела назад“). Оттогаш, името симболично ја носи гостопримливоста на гевгеличани.
Гевгелија е јужната капија на Македонија – град каде што културите се сретнуваат, а историјата се пишувала со срце. Од античките Пајонци и римските траги, до османлиската архитектура, тука се гледаат сите епохи.
Првпат се споменува во турски документи во 1664 година, а во 1886 година добива градски лик. Со изградбата на железничката пруга Скопје–Гевгелија–Солун во 1873 и подоцна автопатот А1, станала важна европска транзитна точка. Денес е на 70 км од Солун и 165 км од Скопје.
Во Втората светска војна, 54 жители од општината Гевгелија се заведени како жртви.
Гевгелија живее преку културни настани – од фолклор и традиционални ансамбли до современи театарски претстави, изложби и младински фестивали.
Ден на градот – 7 ноември, со концерти и културни настани
Фестивали на вино, храна и фолклор
Летни културни вечери под отворено небо
Спортски турнири и младински кампови
Гевгелиската кујна е комбинација на медитерански вкусови и македонска традиција:
ФК Кожуф – симбол на спортска истрајност
Кошарка, ракомет, тенис, атлетика
Природата нуди услови за планинарење, велосипедизам и трчање
Гевгелија е врата што секогаш е отворена – град на сонцето, топлината и песната.
За сите во дијаспората, таа е дом и спомен што не се заборава.