Порталот FROMMK.COM, кој ја претставува македонската заедница во дијаспората, ја изразува својата цврста и недвосмислена поддршка за ТВ Алфа и нејзиниот уреднички тим. Во време кога се упатуваат неосновани напади врз медиумот ние веруваме дека слободата на говорот и професионалното новинарство мора да бидат заштитени.
ТВ Алфа доследно известува и дава аналитички контекст на случувањата во Македонија и регионот, и токму затоа заслужува нашата поддршка. Стоиме зад нивната работа и апелираме за објективна и фер дебата, без политички притисоци и напади.
Слободата на медиумите е темел на демократијата!
Целосното соопштение на ТВ Алфа, можете да го прочитате на следниов Link