Демир Хисар

Демир Хисар е град во југозападниот дел на Македонијасе кој се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина.
На пописот од 2021 година, градот има 2.431 жители, со што претставува најмалиот град во Македонија.


ИСТОРИЈА

Името Демир Хисар, што во превод од турски значи „Железен замок“, сведочи за бурното и храбро минато на овој крај. Од античките траги на Пелагонија до средновековните легенди за јунаци и војводи, ова поднебје е сведок на епохи што оставиле белег врз идентитетот на неговите луѓе кои се горди, трпеливи и бескрајно поврзани со својата земја.

Демир Хисар почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено – политичка административна заедница. Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).

Денес, Демир Хисар како мало градче ги има сите потребни услови. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови.

Само 1 жител на Демир Хисар е заведен како жртва во Втората светска војна.


КУЛТУРА

Демир Хисар е дом на длабоко вкоренети обичаи, народни носии богати со симболика, и песни што се пеат со душа, од тивките извори до височините на Илинска Планина. Фолклорот овде не е само уметност, туку начин на живот. Фестивалите, како „Демирхисарски средби“, се жив доказ дека културата е вечна нишка што ги поврзува генерациите.


ХРАНА

Мирисот на топол пченкарен леб, полнети пиперки, домашна пита и традиционално подготвено месо ќе ве врати во детството. Демирхисарската трпеза е скромна, но богата со душа.


Демир Хисар не е само град на геогравска карта, Демир Хисар е чувство. Тоа е мирисот на пролет после дожд, тоа се гласовите на повозрасните што раскажуваат, и младите што сонуваат. За сите што живеат во дијаспората, но го носат родниот крај во срцето, Демир Хисар и Македонија секогаш ќе бидат ваш дом.