Oд наш читател пристигна информација и побара да се сподели: „Помогнете и на Марина да се избори со ALS и да остане со својот син“
Марина Матиќ (1980) од Лесковац е самохrана мајка на петгодишно момче и се грижи за својата слепа сестра Жаклина. Неодамна и е дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (ALS), прогресивна и неизлечива болест која го одзема движењето и говорот.
Марина има симптоми како тешкотии при голтање, слабост во рака и нога, и се потешко извршува основни дневни активности. Лекарите и препишале Edaravone, но лекот не е покриен од осигурување (1.000 € по ампула). Единствена реална шанса е терапија со матични клетки во Пекинг, чие лекување чини 26.000 €.

ALS напредува брзо, а Марина најмногу се плаши дека нема да може да се грижи за својот син и сестра. Секое евро и секој гест на поддршка ја приближува до животоспасувачка терапија.
Донација може да се направи на следниов Link
Семејството Матиќ од срце благодари за помошта.
Напомена: Порталот и целата редакција се оградуваат од било каква финансиска или правна одговорност во врска со донациите; секоја поддршка се врши исклучиво на личен избор на донаторот.