Кратово

Кратово е град во Североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Низ него тече Кратовска Река и уште три помали реки. Според пописот од 2021 година, во градот живеат 5.791 жители.


ИСТОРИЈА

Потекло на името

Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога – кратер. Според преданието, името потекнува од зборовите „кират-ова“, по тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите. За време на Византија, градот е нарекуван „Коритос“ или „Коритон“.

Средновековна историја

Хомеровата „Илијада“ го спомнува Кратово уште во VI век п.н.е. Се пронајдени монети од времето на кралот Адолион Пајонски (315–285 г.п.н.е.), што сведочат дека градот тргувал со злато, сребро и бакар.

Османлиски период

Во втората половина на XIV век Кратово паѓа под Османлиите. Во XVI и XVII век станува важен подрачен центар. По Карпошовото востание (1689–1690) и Австроунгарската војна, градот е опустошен, рударските окна затворени, а во XIX век рударството се префрла во Злетово.


КУЛТУРА

Кратово е богат со културно наследство – својата архитектура, дијалект и секојдневие. Куќите со тешки дрвени балкони, тесните калдрмисани улички и старите ѕидови ја носат приказната за градот. Кратовските кули и мостови се симболи и културни споменици.

Во средниот век, Кратово било познато по својата книжевна школа, која заедно со училиштето во манастирот Св. Гаврил Лесновски, била активна од XII до XIV век. Таму се препишувале книги и создавале нови црковни текстови, што го претворило градот во културен центар.

Архитектура

Кратово е изграден со староградска македонска архитектура и е познат по своите кули и мостови. Во минатото имало 13 кули, од кои најпозната е Симиќевата кула. Каменот и дрвото се доминантни материјали во градбите, давајќи им цврстина и долговечност.

Културни настани

  • „Лесновски ѕвона“ – традиционална поетска средба
  • „Златни денови“ – културна манифестација
  • „Компиријада“ – прослава посветена на компирот

ХРАНА

Кратовската кујна е препознатлива по топли и домашни вкусови. Гравот, кратовските ќебапчиња и лебот печен во фурна се неизбежен дел од секоја трпеза. Храната е едноставна, но полна со вкус и традиција.


СПОРТ

Иако мал град, Кратово има горд спортски дух. ФК „Силекс“ е еден од најпознатите спортски симболи на градот, со долгогодишна традиција во македонскиот фудбал. За кратовчани спортот е идентитет, гордост и надеж за младите.