Македонска Каменица, сместена под Осоговските Планини, каде воздухот мириса на борова шума, а реката Брегалница тивко ја носи историјата, е нашата тивка убавина. Град што живее тивко, но се сака гласно. Македонска Каменица се наоѓа во источниот дел на Македонија, во подножјето на Осоговските Планини на нивната јужна падина. Познат е како рударски град, а најпознатиот македонски рудник за олово и цинк – Саса, се наоѓа во неговата непосредна близина. Како град е прогласен во 2004 година. Зафаќа површина од 19.037 хектари и има 9 населени места со вкупно 8.110 жители. Според пописот од 2021 година, градот брои 4.368 жители.
Името Каменица потекнува од името на реката и значи „вода што тече во каменесто корито“.
Каменица за првпат се спомнува во турските записи. Како населба, се оформува пред 1950 година, првенствено како место за рударите во рудникот Саса. Во времето на српската власт е обновено рударењето во старите римски рудници. Подрачјето го населиле рударските племиња Саси, кои се доселиле од Унгарија и Германија – токму по нив рудникот го добил името.
Во XIV век подрачјето влегува во кнежевството на Константин Дејановиќ, а потоа преминува под турска власт. Во XVI век, поради планинскиот терен, се развива ајдуштвото како форма на отпор. Од Каменица се познати четите на дедо Иљо Малешевски и Румена Војвода. Во Втората светска војна, 5 жители на Каменица се заведени како жртви.
Градот располага со кино сала која се користи за сите поголеми настани, библиотека со 6.500 книги, Дом на култура и Центар за културно-уметничка дејност. Најзначајна културна манифестација е „Каменичко културно лето“, кое секоја година привлекува бројни посетители и познати изведувачи.
Во градот настапува фудбалскиот клуб ФК Саса, кој моментално се натпреварува во Втората лига, а во минатото бил дел од Првата македонска лига. Каменица има градски стадион со капацитет од 2.000 гледачи, како и градски парк што е собиралиште на младите.
Да не заборавиме – во секој камен има дел од нас. Во секоја улица се нашите стапки.