Виница

ВИНИЦА не е само точка на картата. Тоа е градот што чува историја под земја, достоинство во срцето и тивка, но силна љубов кон татковината. Сместен на падините на планината Плачковица, Виница е гнездо на мир, вредност и живот кој има смисла.
Виница е град во источниот дел на Македонија, сместен во југоисточниот дел на Кочанската Котлина на 395 метри надморска височина.
Според најновите истражувања името на градот Виница уште не е во целост разјаснет. Во јавноста погрешно беа толкувани записите од теракотните икони, во кои името Виница се поврзуваше со името Винеа. Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.


ИСТОРИЈА

Виница е древен град со длабоки корени. Историјата овде не е само во книгите, таа се наоѓа во самата почва. На Виничкото Кале, археолозите открија редок бисер.

Виничките теракоти, уникатни керамички релјефи од доцната антика, со христијански симболи и ликови од библијата, кои се вистинско светско културно богатство.

Градот низ вековите минувал низ многу тешки фази, но секогаш ја чувал својата душа. Од античките населби до времето на османлиите, па сè до денешната модерна Виница, ова е место со корен, идентитет и вредности.

Подрачјето на Виница било населено во времето на неолитот (од 12 до 6 век п.н.е.), според пронајдените материјали од Виничко Кале и околните археолошки наоѓалишта. Во антиката, подрачјето го населиле Пејонците. Сегашниот град потекнува од Византиска тврдина, која била центар на производство со вино. Лозните насади на виничкиот рид биле напуштени по 1980 кога поактивно започнале археолошките истражувања.

Во годините од 1894 до 1897 година Виница, во периодот од активностите на револуционерната организација на Македонија, служела како главен пункт и канал на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО), но и како складиште за оружје и муниција и архивски материјали.

Населението во Виница стагнирало сè до крајот на Втората светска војна, за потоа да почне да се наголемува, а најголем пораст забележало во периодот по 1971 година кога населбата била прогласена за град.


КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА

Меѓународен филклорен фестивал „Истибанско Здравоживо”
Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас”

Во Виница, традицијата не е минато туку сегашност
Старите занаети, особено ткаењето, везењето и дрворезот, уште се практикуваат и се пренесуваат од поколение на поколение.
Семејните слави, грижата за црковните празници и почитта кон старите се дел од секојдневието.
Народните носии и песните од овој крај носат посебен тон, особено на свадби, куќни слави и фолклорни настани.
Во Виница сè уште се живее со мерак, со почит, со љубов кон своето.


СТОПАНСТВО

Главни гранки на стопанството во Виница се земјоделството и текстилната индустрија. Најмногу се одгледува житната култура ориз, која е значителна за Виничко-кочанската Котлина. Во минатото населението се занимавало со одгледување на грозје и производство на вино. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и мебелната индустрија, а во Виница има и фабрика за призводство на земјоделска механизација „Агро Бар“

Природни богатства

Градот располага со богат растителен и животински свет. Подрачјето овозможува одгледување на култури, како што се оризот, пченицата и пченката, а во повисоките подрачја е богат со пасишта и шуми. Градот има богати насади со дрво од вид топол и орев. Виница е богата со термоминерални води, а подрачјето на градот Виница содржи голем број минерали, како шо са: интрузивните камења-гранит, кварцот, момирокот, глината, карбонатот (лапорец), азбестот и железото.


ХРАНА

Виница е позната по вкусната и домашна храна.
Полнети пиперки, сарма, кисел зелник, манџи со суви пиперки
Домашна овча урда, јогурт, ајвар, печено месо, комат, погача
Слатки како тањири, палачинки со домашен џем, тикварник
Домашна ракија


НАСТАНИ

Виничко културно лето, со концерти, изложби и фолклорни манифестации
Петровден, Илинден, Велигден, Водици, со обичаи што се практикуваат со векови
Денот на Виница, 21 Септември, кога градот блеска со музика, уметност и гордост


СПОРТ

Виница има еден фудбалски клуб, кој бил формиран во 1934 г, под името „Плачковица”. Клубот подоцна се викал Слога Виница, а денеска се вика „ФК Слога 1934”

Во Виница има и Кошаркарски клуб „Славчо Стојменски“, карате клуб „Блатец“ и бадмингтонски клуб „Винчини“. Градот поседува спортска сала, стадион.

Виница беше домаќин на младинското светско првенство во ракомет за жени, кое се одржа од 21 јули до 3 август 2008 година.


На сите виничани низ дијаспората, знајте дека градот не ве заборавил.
Во секоја неделна трпеза, во секоја стара песна пуштена во туѓина, во секој мирис од кујната, Виница е со вас.