Помош и информации за преселба во Америка
Сите потребни информации за преселба во Америка на едно место!
Содржина
Помош и совети при доаѓање во Америка со GREEN CARD (DV Lottery)
Добивањето на GREEN CARD преку лотарија е голема можност, но и одговорност. За успешно преселување потребно е да се следат строго определени чекори и да се подготват соодветни документи. Сите документи треба да бидат преведени кај овластен преведувач и истите заверени на нотар.
1 чекор: По добивањето на лотаријата (DV Lottery Selection)
Откако ќе добиете известување дека сте избрани, следува:
- Пополнување на формуларот DS-260 преку интернет (Immigrant Visa Application).
- Чување на confirmation number и сите внесени податоци.
- Подготовка на документи за интервју.
2 чекор: Подготовка за интервју во Амбасада на САД во Скопје
Интервјуто се одржува во Американската амбасада во Скопје. Потребни документи за секој член на семејството кој аплицира:
- Пасош (важечки најмалку 6 месеци од датумот на патување).
- Извод од матична книга на родени не постар од 6 месеци.
- Уверение за државјанство.
- Неосудуваност (Criminal Record – уверение од суд и полиција).
- Брачни документи (венчален лист, разводни документи ако има).
- Дипломи, сведителства и докази за завршено образование.
- Воена книшка (ако е применливо).
- Две фотографии според американски стандарди (5x5 см).
- Потврда за медицински преглед (се прави во овластена клиника во Скопје пред интервјуто).
- Документ за финансиска поддршка: Affidavit of Support (ако некој роднина или пријател гарантира) или докази за сопствени средства.
- Доказ за платени такси ( на роднината или пријателот што гарантира за вас)
- Доказ за уплатена такса за интервју.
3 чекор: Интервјуто во Амбасада
- Консулот ги прегледува документите.
- Се поставуваат прашања за вашата позадина, образование, семејство и планови.
- Доколку е одобрена визата, во рок од неколку дена во пасошот ќе биде ставена имигрантската виза.
- Ќе добиете и immigrant packet (запечатен коверт) кој мора да го предадете при влез во САД.
4 чекор: Патување во САД
- Пред заминување мора да уплатите Immigrant Fee (220$) преку интернет кон USCIS – без ова не се издава GREEN CARD.
- Со имигрантската виза во пасошот можете да патувате.
5 чекор: По пристигнување во САД
На аеродром во САД (POE – Port of Entry):
- Му го предавате запечатениот пакет на имиграциски службеник.
- Пасошот се печати со имигрантски печат кој важи како привремена GREEN CARD (1 година).
6 чекор: Документи по пристигнување
- Гриин картата,стигнува по пошта на адресата што сте ја дале (обично 2–4 месеци).
- Social Security Number (SSN) – автоматски се аплицира, пристигнува на истата адреса за 2–4 недели.
- Driver’s License / State ID – може да аплицирате во DMV со пасош, SSN и доказ за адреса и сметка од струја.
7 чекор: Обврски и практични чекори
- Отворете банкарска сметка.
- Регистрирајте се за здравствено осигурување (во зависност од државата).
- Пријавете се за работа или продолжете со образование.
- Внимавајте да не престојувате надвор од САД повеќе од 6 месеци без валидна причина, бидејќи тоа може да влијае врз вашиот статус.
8 чекор: Насоки за децата за упис во училиште
- Во САД, сите деца имаат право на бесплатно образование во јавни училишта. Процесот за упис е следен:
- Одите во School District Office или директно во локалното училиште според вашата адреса.
Потребни документи: 👉 Ако не го знаете точното училиште, само ја внесувате вашата адреса на веб-страницата на School District и ќе ви покаже во кое училиште припаѓа вашето дете.
- Извод од матична книга на родени на детето.
- Пасош или друг документ за идентификација.
- Доказ за адреса во САД (на пример: договор за кирија, сметка за струја или вода).
- Вакцинален картон и медицински податоци.
- Понекогаш бараат и претходни сведителства од Република Македонија (преведени на англиски јазик) .
- По пријавата, училиштето го определува класот и почетокот на наставата.
9 чекор: Првите чекори за семејството
- Отворете заедничка банкарска сметка.
- Пријавете се за здравствено осигурување ако сакате (во зависност од државата).
- Проверката на работни можности почнува откако ќе ги добиете SSN и Грин Картата.
- За сопругата/сопругот важи истото – со SSN и Грин Карта може да аплицира за работа.
10 чекор: Важни информации
- Грин Картата важи 10 години, но статусот е доживотен ако редовно престојувате во САД.
- По 5 години (3 ако сте во брак со американски државјанин) може да аплицирате за државјанство.
- Секогаш чувајте копии од сите имиграциски документи.
Помош при доаѓање во Америка со туристичка виза (B1/B2)
Туристичката виза (B1/B2) е најчестиот начин за краткорочен престој во САД, за туризам, посета на роднини и пријатели, деловни состаноци или медицински причини. Таа не дозволува работа или долгорочен престој, туку е строго временска виза со максимален престој од 6 месеци.
1 чекор: Аплицирање за туристичка виза од Македонија
Процесот започнува со апликација во Американската амбасада во Скопје.
Потребни чекори:
- Пополнување на DS-160 формулар
- Се пополнува онлајн на официјалната страница на U.S. Department of State.
- Се внесуваат лични податоци, податоци за патување, вработување и семејство.
- По пополнувањето, се добива confirmation page со баркод кој мора да се однесе на интервју.
- Плаќање на такса за виза
- Таксата е околу 185 USD (се плаќа во денарска противвредност).
- Се плаќа во овластени банки или онлајн, според инструкциите на амбасадата.
- Закажување термин за интервју
- Се закажува преку системот на USTravelDocs.
- Потребно е да се прикачи потврдата за уплата и DS-160 confirmation.
Подготовка на документи за интервју
- Важечки пасош (важен најмалку 6 месеци по датумот на планираното патување).
- DS-160 confirmation page.
- Слика според американски стандарди (5x5 см).
- Доказ за уплатена такса.
- Документи за врски со Македонија (работа, имот, семејство) кои докажуваат дека ќе се вратите назад.
- Понекогаш може да се достават и дополнителни документи: потврда за вработување, платни ливчиња, извод од банка, покана од роднини во САД (ако има).
2 чекор: Интервју во Американската амбасада (Скопје)
Често поставувани прашања од консулот:
- Зошто одите во САД?
- Каде ќе престојувате?
- Колку долго ќе останете?
- Кои врски ве врзуваат со Македонија?
- Ако апликацијата е одобрена, визата се печати во пасошот во рок од неколку дена.
⏳ Визата може да биде издадена со различно времетраење (обично 1–10 години со повеќекратен влез), но престојот во САД го одредува имиграцискиот службеник на аеродром (обично до 6 месеци).
3 чекор: Патување во САД
- На аеродром во Македонија (или транзитна земја) се проверува пасошот со визата.
- По пристигнување во САД, CBP (Customs and Border Protection) службеник врши дополнително интервју.
- Се добива I-94 електронски запис со датум до кога е дозволено да останете. Овој датум мора строго да се почитува.
4 чекор: По пристигнување во САД
Со туристичка виза можете да:
- Патувате и туристички да разгледувате.
- Посетувате роднини и пријатели.
- Присуствувате на деловни состаноци, конференции или медицински третмани.
Не смее да се:
- Работи (нелегално е).
- Се запишува редовно образование (потребна е студентска виза).
5 чекор: Важни документи во САД
- Пасош со визата.
- Адресата каде престојувате.
I-94 записот (се проверува онлајн и може да се испечати).
6 чекор: Важно за враќање
- Мора да ја напуштите Америка пред истекот на дозволениот престој (I-94 датум).
- Доколку останете подолго („overstay“), ризикувате забрана за идни влезови, црн печат и депортација.
Помош и совети при доаѓање во Америка со J-1 виза
J-1 визата овозможува престој во САД преку програми за студентска размена, практикантска работа, обука, културен или академски обмен. Важно е да се знае дека визата има ограничен рок на престој и специфични обврски за учесниците.
1 чекор: Аплицирање за J-1 виза од Македонија
Основни чекори:
- Прием на DS-2019 документ од овластена организација или училиште
- Организацијата во САД (училиште, компанија или агенција за размена) ќе ви испрати DS-2019.
- Овој документ е основен за апликација за J-1 виза.
- Пополнување на DS-160 формулар онлајн
- Се внесуваат лични податоци, информации за програмата, образование и финансии.
- Печатење на confirmation page за интервју.
- Плаќање на SEVIS такса (I-901 fee)
- SEVIS таксата е задолжителна (околу 220 USD, варира според програмата).
- Потврда за уплата се носи на интервју.
- Плаќање на такса за апликација за виза
- Таксата е околу 185 USD.
- Закажување интервју во Американската амбасада во Скопје
- Потребна е потврда за уплата, DS-160 confirmation и DS-2019 документ.
2 чекор: Документи за интервју
- Пасош (важечки најмалку 6 месеци).
- DS-160 confirmation page.
- DS-2019 документ.
- Потврда за SEVIS I-901 уплата.
- Докази за финансии (банкарски извештаи, стипендии, гаранции од роднини).
- Докази за врски со Македонија (семејство, имот, работа) кои покажуваат намера да се вратите по завршување на програмата.
- Две фотографии според американски стандарди (5x5 см).
3 чекор: Интервју во Американската амбасада
Често поставувани прашања од консулот:
- Зошто сте избрале таа програма.
- Како ќе ја финансирате програмата и животот во САД.
- Планови по завршување на програмата.
- Ако е одобрена, визата се печати во пасошот во рок од неколку дена.
4 чекор: Патување во Америка
- На аеродром во Македонија и при пристигнување во САД, службеникот на CBP проверува пасош, визата и DS-2019.
- Се добива I-94 електронски запис со датум до кој е дозволено да останете.
- J-1 учесници може да влезат до 30 дена пред почеток на програмата.
5 чекор: Работа и обврски на J-1 визата
- Работата е ограничена само на работни позиции поврзани со програмата (на кампус, во компанија или стаж).
- Превработување или работа надвор од програмата не е дозволена.
- Учесниците мора да ја почитуваат наставната или работната програма, како и роковите на престој.
6 чекор: По пристигнување во САД
- Проверка на адресата во SEVIS системот.
- При регистрација во програмата или кај училиштето/организацијата.
- Со J-1 визата може да се аплицира за Social Security Number (SSN) само ако е дозволена работа.
- Чување на сите документи: пасош, DS-2019, I-94, финансиски документи.
7 чекор: Завршување на програмата
- По завршување на програмата, учесниците мора да се вратат во Македонија.
- Некои J-1 визи имаат и двегодишна home residency requirement, што значи дека учесникот мора да се врати во својата земја за најмалку 2 години пред да аплицира за одредени други визи во САД.
Помош и совети за полагање при доаѓање во Америка – возачка дозвола за кола и CDL за камион.
Возачката дозвола во САД е важен документ за легално возење и за професионални можности. Процесот зависи од државата каде ќе се регистрирате, но генерално следи слични чекори.
1: Полагање за возачка дозвола за патничко возило (Class D)
- Во секоја држава, Department of Motor Vehicles (DMV) е одговорен за издавање возачки дозволи.
- Локалниот DMV канцеларија може да се најде онлајн со пребарување: “вашиот стејт, DMV locations”.
Документи потребни:
- Пасош или друга важечка форма на идентификација.
- Доказ за легален престој во САД (Green Card, визата F-1/J-1, туристичка виза не дозволува долгорочно возење).
- Social Security Number (SSN) или писмен доказ од Social Security Administration дека не сте квалификувани за SSN.
- Доказ за адреса во државата (најмалку 2 документи: сметка за струја, вода, договор за кирија, банкарска сметка).
- Пополнет DMV апликациски формулар (се добива во канцеларија или онлајн).
Процесот:
- Писмен тест: познавање на сообраќајните правила, обично 25–50 прашања.
- Проверка на видот.
- Learner’s permit: ако тестот е положен, се добива дозвола за учење. Може да се вози со придружник (fully licensed driver).
- Издавање на возачка дозвола Class D.
Време:
- Подготовка за тест: 1–4 недели, во зависност од пракса и познавање на сообраќајот.
- Цел процес (тест + практичен): 2–6 недели.
2: Полагање за камион – Commercial Driver’s License (CDL)
CDL е потребна за возење на тешки камиони и комерцијални возила.
Каде да се обратите:
- Локалниот DMV, обично во оддел за комерцијални возачки лиценци.
- Некои држави имаат CDL training центри кои нудат обука и помош за тестирање.
Документи потребни:
- Пасош или легален документ за престој (Green Card, F-1/J-1 со дозвола за работа или OPT, не тур. виза).
- Social Security Number (SSN).
- Возачка дозвола Class D (основна возачка дозвола).
- Доказ за адреса во државата.
- Пополнет CDL апликациски формулар.
Процесот:
- Knowledge тест: се проверуваат сообраќајни правила, безбедност и типови на комерцијални возила.
- Medical Certificate: потврда од лекар за способност за возење тешко возило.
- Learner’s CDL permit: се добива по положување на писмениот тест.
- Training / практична пракса: во зависност од програмата, од неколку недели до 2–3 месеци.
- Road skills test (практичен тест): вклучува pre-trip inspection, basic control skills, on-road driving.
- CDL издавање: по успешно положен практичен тест.
Време:
- Зависи од подготовката и програмата, обично 4–12 недели од почеток на обуката до издавање на CDL.
3. Совети и важни информации
- Секогаш проверете на онлајн страната на локалниот DMV за конкретни документи и термин за тестирање.
- На почеток, полагање за Class D е задолжително пред CDL.
- За CDL, може да се бара и одредена возраст (обично 21+ години за interstate driving).
- Препорачливо е да се запишете во обука за CDL за полесно и побезбедно полагање.
- Сите документи треба да бидат оригинали или официјално заверени.
Како да го извадите македонски пасош во САД
Каде да се обратите:
За граѓаните кои живеат во САД, процесот се одвива преку Конзулатот на Република Македонија. Секој конзулат има јасно утврдени процедури за аплицирање за пасош. Прво, контактирајте го конзулатот кој е најблизу до вашиот град.
Пример: Ако живеете во Чикаго, треба да се јавите во Конзулатот на РМ во Чикаго.
Сите контакт информации (адреса, телефон, е-маил) може да се најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Документи што се потребни:
- Пополнет образец за пасош, го добивате од конзулатот или преку нивната веб-страница.
- Доказ за македонско државјанство, најчесто тоа е лична карта или претходен пасош.
- Свидетелство за раѓање , оригинал или заверена копија на нотар.
- Документ за идентификација ,на пример возачка дозвола од САД.
- Фотографии за пасош ,стандарден формат (обично 2-4 фотографии, нови и во боја).
- Потврда за уплата на такса , таксите варираат според видот и важноста на пасошот.
Важно:
Проверете дали имате ажурирани податоци и дали сите документи се заверени, бидејќи нецелосната документација може да го одложи процесот.
Чекори за аплицирање:
- Закажете термин преку конзулатот или е-маил.
- Пополнете го формуларот и соберете ги сите потребни документи.
- Лично поднесете ги документите на конзулатот.
- Платете ја соодветната такса.
- Чекајте ја обработката ,обично од 4 до 8 недели, зависно од сезоната и оптовареноста на конзулатот.
Времетраење:
- Пасошот се издава во рок од 4 до 8 недели, а во некои случаи може да биде побрзо или побавно.
- Конзулатот ќе ве информира кога вашиот пасош е подготвен за подигање.
Како да се пренесе починато тело од САД до Македонија
Прво место за контакт:
Првиот чекор е контакт со локалниот конзулат на Република Македонија. Конзулатот е овластен да обезбеди инструкции, документи и контакти со компании за меѓународен транспорт на починати лица.
Во САД, секој конзулат има специфичен контакт: Чикаго, Њујорк, Лос Анџелес, Мајами, итн.
Контакт информациите може да се најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Документи кои се потребни:
За меѓународен транспорт на починато тело ќе ви бидат потребни:
- Смртниот лист (Death Certificate) – издаден од болница или надлежна институција во САД.
- Документ за идентификација на починатото лице – пасош или лична карта.
- Лекарска потврда или извештај за причината на смртта – обично издаден од болница или патолошка служба.
- Документ за дозвола за транспорт на починатото лице (Consular Mortuary Certificate / Authorization for Transport) – издаден од конзулатот на Македонија.
- Договор со специјализирана транспортна компанија за репатријација на починати лица – овие компании се грижат за подготовка на телото, урни, ковчези и авионски транспорт.
- Такси и осигурување – се плаќа според компанијата и видот на транспортот.
Такси и осигурување – се плаќа според компанијата и видот на транспортот.
Чекори за организација
- Контактирајте го локалниот конзулат на РМ за консултација и за добивање на список на одобрени транспортни компании.
- Пригответе ги сите документи: смртен лист, идентификација, медицински извештај.
- Изберете сертифицирана компанија за транспорт на починати лица. Компанијата ќе ви помогне да ги пополните сите формулари и да обезбеди ковчег според меѓународните стандарди.
- Конзулатот ќе издаде дозвола за транспорт и ќе го координира со македонските власти.
- Телото се транспортира до Македонија и се прима од надлежните институции, за понатамошна погребна церемонија.
Времетраење
- Подготовката и обезбедувањето на сите документи обично трае од 7 до 14 работни дена, зависно од брзината на болницата, транспортната компанија и конзулатот.
- Итните случаи можат да се обработат побрзо, со дополнителни трошоци за брзина и авионски превоз.