САД со нова визна политика: Македонија на листата но без промени за туристички, студентски и Work & Travel визи!

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Американскиот Стејт департмент привремено ќе ја паузира обработката на одредени категории имигрантски визи за околу 75 држави, меѓу кои се наоѓа и Македонија, објавуваат американски медиуми. Одлуката стапува на сила на 21 јануари и ќе остане во важност сè додека трае внатрешната ревизија на процедурите за проверка и одобрување.

Важно е да се напомени дека мерката не претставува забрана за патување и не ги опфаќа неимигрантските визи. Туристичките, деловните, студентските визи, како и програмите за културна размена, вклучувајќи го и Work & Travel, продолжуваат да функционираат без измени.

Паузата е поврзана со постојни законски одредби кои се однесуваат на проценката дали одредени апликанти би можеле да станат финансиски зависни од американскиот систем на јавни бенефиции. Истовремено, се очекува зголемен број апликации за краткорочен престој во САД, особено во пресрет на Светското фудбалско првенство во 2026 и Олимписките игри во 2028 година.

За македонските државјани, пораката е јасна: патувањата, студирањето и програмите за привремен престој во САД продолжуваат нормално, додека промените се однесуваат исклучиво на постапките за трајно доселување и се дел од поширока административна проверка.

Последни вести