Веќе со месеци наназад се дискутира за сообраќајната (не)култура која така посветено и милно си ја љубиме, и дали истата ќе се поправи со „Сејф сити“. Очигледно е дека ни е потребен „камшик“ за да разбереме дека сообраќајот не е играчка, а ние како учесници во истиот не сме „пиони“ кои ќе се вратиме „во игра“ ако денес искочиме од истата. Доволно веќе се однесуваме како мачки со 9 животи, без да ја сфатиме сериозноста на на оваа голема „игра“, каде треба нон-стоп некој да нè сакнционира за да ја сфатиме сериозноста.
Не би сакал вака за почеток многу да мудрувам, ами ќе ве прашам, како вие се однесувате во „играта“ и колку ги почитувате правилата.
Колку често не поминувате улица на пешачки? А колку често морате да одите по улица затоа што тротоарите се полни со паркирни возила, а колку од вас паркиравте како троарот да е ваш? Колку од вас велосипедисти возите по улица наместо по велосипедска патека, паралелно, со слушалки, без раце, разговарате на телефон….? Колку од вас управувачи на моторни возила почитувате брзина на возење, ставате појас, довзолувате на децата да ви седат помеѓу седишта за да гледале и да не плачат… и колку од вас воопшто не ставивте појас денес? Колку од вас денес возевте цик-цак за да го фатите следниот семафор на зелено? Колку од вас се свртевте наоколу за да се осигурате дека нема полиција и „на раат“ да направите прекршок? И вака можеме до утре… Па нели е ред конечно да ги сфатиме правилата на играта?
А играта секогаш ја играат двајца. Во овој случај, граѓаните и државата. Немој да помислите дека сум заборавил. Државата апослутно мора да почне посериозно и поредовно да ги спроведува правилата. Доволно кампањски после големи несреќи се потсетувавме дека правила постојат и истите мора да се почитуваат. И доволно толеранции. Или за сите, или за никој. Или еднаш за секогаш, или никогаш. Или „сејф сити“ ќе работи како што треба, или ќе остане само добра идеја која децении наназад супер фукнционира во други држави.
Продолжува…

Младен Јаневски
Преземањето, копирањето или неовластеното користење на авторски содржини (текстови) од оваа страница не е дозволено. Во случај на злоупотреба, ќе биде покрената соодветна правна постапка.