За Македонија

Откријте ја приказната за македонскиот народ, од античките времиња до современaтa доба

Содржина

ИСТОРИЈА

Македонија не е само географска точка во Европа, таа е татковина со корени длабоки илјадници години. Земја што ја носи приказната за човештвото од античките времиња до денес.

Историјата на македонскиот народ или воопшто на човековото живеење и присуство на територијата на Македонија, датира со пронаоѓањето на најстариот човечки скелет на територијата на Македонија стар 160 илјади години. Најстарите пронајдоци од први организирани човечки населби во Македонија датираат од младото камено време (неолитот).

Прва државна организација на територијата на регионот Македонија е македонското кралство основано во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.) од страна на првиот македонски крал Каран, кое доживеало најголем подем во времето на владеењето на македонските кралеви Филип II Македонски (359 – 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски (336 – 323 г.п.н.е) од династијата Аргеади.

Името на оваа земја одекнувало низ светот. Филип II и Александар Македонски го впишале македонското име со златни букви во историјата, создавајќи империја која ги споила Истокот и Западот, оставајќи трајни културни и цивилизациски наследства.

Филип II Македонски

Филип II Македонски (382 п.н.е. — октомври 336 п.н.е.) — крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е.

Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса.

Со доаѓањето на власт, Филип извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, коњаница и опсадни машини.

Тој водел повеќе успешни војни со соседите и ги обединил грчките полиси под македонска власт.

Значајни битки на Филип II Македонски

Александар III Македонски

Александар III Македонски (356–323 г. п.н.е.), син на Филип II, познат како „Великиот“.

Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција и подучуван од Аристотел.

На 20 години станал крал, а за 11 години ја проширил Македонија во империја од Балканот до Индија.

Значајни битки на Александар III Македонски

Среден век

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените.

Во IX век започнува дејноста на Кирил и Методиј со создавањето на глаголицата (855 г.). Климент и Наум ја основале Охридската книжевна школа.

Со востанијата во Македонија (969 и 976 г.) е создадено Самуиловото Царство, кое траело до 1018 г.

Во XIII и XIV век византиската власт врз Македонија била прекинувана со српско и бугарско владеење.

До крајот на XIV век Македонија била покорена од Османлиите. Во 1767 г. султанот ја укинал Охридската архиепископија.

Османлискиот период

Во османлискиот период, Македонија ги чувала своите песни, обичаи и јазик како најголемо богатство. Токму преку таа култура народот останал жив, не дозволувајќи вековите на туѓо владеење да ја избришат неговата суштина.

За време на османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија, која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на XIX век, а најстарата од нив е Македонската револуционерна организација. Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), а по Втората светска војна организацијата се поделила на Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО)


Во 1903 година ВМРО организира Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и образувањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на денешната Република.

По Илинденското востание, борбата не запрела. Македонските револуционери продолжиле да се жртвуваат за слободата и иднината на својот народ.


Христо Татарчев (1869–1952),  бил еден од основачите и прв претседател на ВМРО. Неговиот придонес е огромен,  тој ја поставил идејата и организациската основа на ВМРО, создавајќи темели врз кои подоцна ќе се градат сите востанија и револуционерни борби.


Гоце Делчев (1872–1903
), визионер, учител и борец за слободна Македонија. Тој ја дефинирал својата борба со зборовите: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“ Делчев бил симбол на непокор и идеал за обединета, слободна Македонија. Неговиот живот и смрт во борба го направија вечна инспирација за генерациите. Гоце е Македонија.

Никола Карев (1877–1905)
, учител, револуционер и претседател на првата македонска република, Крушевската Република. На 2 август 1903 година, за време на Илинденското востание, ја предводел оваа краткотрајна, но вечна симболика на слободата. Со својот „Манифест“ повикал на еднаквост меѓу сите народи и вероисповеди.

 

Јане Сандански (1872–1915), наречен „Пиринскиот цар“. Бил еден од најистакнатите револуционери на ВМРО, кој се борел не само за слободна Македонија, туку и за социјална правда и еднаквост меѓу луѓето.

 

Даме Груев (1871–1906), основач на ВМРО и еден од најголемите организатори на Илинденското востание. Неговиот живот бил симбол на пожртвуваност, а неговото име остана впишано како темел на македонската револуционерна идеја.

Питу Гули (1865–1903), легендарен војвода, симбол на храброст и пожртвуваност. На Мечкин Камен, во Крушево, со својата чета дал својот живот во борбата против османлиските сили. Неговото име засекогаш ќе остане впишано како пример на јунаштво.


Пере Тошев (1865–1912),  револуционер и идеолог на македонското движење, член на ВМРО и учител кој со својот збор и дело ја ширел идејата за слобода. Тој е еден од борците што го покажаа патот на генерациите кои следеа.


Тодор Александров (1881–1924) е истакнат револуционер и водач на ВМРО, човек со исклучителна организациска способност и цврста волја. Тој ја водеше револуционерната борба по Илинден, во тешки времиња на поделби и репресии. Неговата мисија била јасна, обединување и слобода на Македонија.

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето (1857 – 1953), бил легендарен војвода на ВМРО, човек кој целосно му се посветил на ослободителното дело. Неговата храброст, непокорност и пожртвуваност оставиле силна трага во македонската револуционерна историја. Ќосето учествувал во бројни борби против османлиската власт и станал симбол на отпорот и борбата за национална слобода. За народот, тој претставувал живо олицетворение на македонската решителност да се избори за својата независност.


Гемиџиите,
група млади македонски револуционери, познати по „Солунските атентати“ во 1903 година. Со своите самоубиствени акции против османлиската власт тие сакале да го привлечат вниманието на светската јавност кон страдањата на македонскиот народ. Нивната храброст и саможртва остануваат пример за безусловна љубов кон татковината.


Методија Андонов – Ченто (1902–1957), првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и еден од најзначајните државници во поновата историја. Ченто бил симбол на стремежот за вистинска и целосна македонска независност, човек што ја постави основата на современата државност.


Македонија во XX век

XX век е век на најтешка, но и најсветла борба за опстанок, идентитет и државност.

Македонците, расцепкани меѓу различни империјални и национални интереси, ја изговорија својата вековна желба за слобода и независност.

Поделба и борба

Со Букурешкиот договор во 1913 г., Македонија беше поделена меѓу соседите.

Македонците претрпеа репресии, асимилација и прогон.

Но пламенот на слободата не згасна.

Втора светска војна и АСНОМ

Во Втората светска војна Македонците се кренаа во Народноослободителната војна.

На 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, беше прогласена Демократска Федерална Македонија во рамките на Југославија.

Југословенскиот период

Во СФРЈ Македонија првпат доби своја република, уставност и институции.

Изградба на универзитети, фабрики, културни институции.

Идејата за независност останала жива.

Независност

На 25 јануари 1991 Собранието усвои Декларација за сувереност.

На 8 септември 1991 се одржа референдум за независност.

Потоа Македонија прогласи независност и стана суверена држава.

КУЛТУРА

Културата на Македонија е спој на истокот и западот, на древното и модерното.

Јазикот и словото

Македонскиот јазик е едно од најголемите културни богатства.

Од Кирил и Методиј до денес, македонската писменост е симбол на духовна сила и самобитност.

Фолклорот и музиката

Во македонската песна и оро се скриени љубовта, болката и истрајноста.

Ората како „Тешкото“ се приказни раскажани преку чекори.

Народните песни се сведоштво за душата на народот.

Традициите и празниците

Македонските обичаи се спој на пагански и христијански корени.

Коледарски песни, велигденски јајца, иванденски огнови.

Секој празник е симбол на заедништво и духовна сила.

Културното наследство

Манастирите, иконите и фреските се живо сведоштво на верата и креативноста.

Охрид е светска ризница со над 365 цркви.

Современата култура

Современата култура живее низ литература, театар, филм, музика, уметност и фестивали.

Македонските уметници градат мостови меѓу традицијата и модерното.

ТРАДИЦИИ

Верски традиции

Македонските празници се вкоренети во православната вера и народни верувања.

Фолклор и народни обичаи

Македонија не може да се замисли без песна и оро.

„Тешкото“ симболизира мака, сила и достоинство.

Носии богати со везови и симболи од секој регион.

ХРАНА

Македонската трпеза е вкус на татковината

Македонската кујна е повеќе од храна, таа е култура и традиција.

Вкусови што не се забораваат

Трепезата како ритуал

Храната е повод за собирање.

Секој гостин се пречекува со леб, ракија и отворено срце.

Вино и ракија

Македонија е земја на сонце и лозја.

Вината се светски познати, ракијата е симбол на пријателство и живот.

СПОРТ

Спортот во Македонија

Спортот е симбол на посветеност и заедништво.

Фудбал и кошарка

Фудбалот ги обединува сите генерации.

Кошарката е гордост на Македонија, со репрезентација и клубови.

Ракомет

Ракометот е еден од најуспешните спортови во Македонија.

Победите обединуваат и носат гордост.

Други спортови и индивидуални успеси

Успеси во атлетика, пливање, боречки и зимски спортови.

Млади таленти ја претставуваат Македонија на светско ниво.