Тоше Гинчевски со нова преработка на „Самовилска свадба“ – македонската традиција одекнува од Чикаго

Facebook
Twitter
LinkedIn

Македонскиот музичар Тоше Гинчевски, кој живее и настапува во Чикаго, продолжува активно да ја негува македонската музичка традиција и надвор од татковината.

Овојпат, Гинчевски сними „cover“ верзија на безвременскиот македонски хит „Самовилска свадба“, внесувајќи сопствен печат и современ музички израз во добро познатата мелодија. Со внимателна продукција и емоционална интерпретација, тој и даде нова свежина на песната, задржувТоше Гинчевски со нова преработка на „Самовилска свадба“ – македонската традиција одекнува од Чикагоајќи го нејзиниот автентичен дух.

Каверот веќе предизвикува позитивни реакции кај публиката, особено меѓу македонската дијаспора во САД, која со внимание го следи неговиот музички потенциал.

Со оваа изведба, Тоше Гинчевски уште еднаш потврдува дека традицијата може успешно да живее и да се развива и на светската сцена, кога е носена со љубов, посветеност и почит кон корените.

Последни вести