Работите на изградбата на новиот паркинг при Македонската православна црква „Св. Кирил и Методиј“ напредуваат, а најновите снимки од птичја перспектива го прикажуваат тековниот развој на проектот.
Од црковната заедница изразуваат задоволство од досегашниот напредок и најавуваат дека со нетрпение го очекуваат завршувањето на проектот, кој ќе придонесе за подобрување на инфраструктурата и условите за посетителите и верниците.
Активностите продолжуваат, а во наредниот период се очекуваат и нови информации за текот на изградбата.
Погледнете го целото видео на линкот подолу
https://www.facebook.com/share/r/1KXaWVYtAJ/
FROMMK.COM ќе продолжи да ги следи активностите на македонската заедница во Америка.