Благоја и Дамјан имаат потреба од нашата помош – семејството апелира за донации!

Македонци во Америка, да се обединиме за Благоја и Дамјан!
DONATION LINK

Шестгодишните близнаци Благоја и Дамјан имаат сериозни тешкотии во говорот и комуникацијата. Нивното семејство бара помош за да им овозможи дополнителен третман во Мексико.

Родени предвреме, Благоја и Дамјан од најраните денови се соочуваат со предизвици. И покрај редовните терапии и секојдневната посветеност на нивните родители, Верица и Горан, момчињата сe’ уште не можат со зборови да ги изразат своите основни потреби.

Близнаците се прифатени за учество во истражувачки протокол во NeuroCytonix во Монтереј, Мексико. За реализација на оваа можност се потребни средства за третманот, патувањето и сместувањето.

Семејството упатува апел до сите хумани луѓе за донации и споделување на нивната приказна. Секоја помош е значајна, а зад неа стои надежта дека Благоја и Дамјан еден ден ќе можат полесно да комуницираат и да ги кажат зборовите што нивните родители со нетрпение ги очекуваат: „Мамо“ и „Тато“.

Да покажеме хуманост. Да им помогнеме на Благоја и Дамјан!

 

Последни вести