ICE набавува електрични ракавици вредни 16,7 милиони долари и покрај предупредувањата

Американската служба за имиграција и царина (ICE) продолжува со набавката на електрични ракавици G.L.O.V.E. во вредност од 16,7 милиони долари, и покрај резултатите од воено тестирање кои укажале на можни силна болка, страв и продолжена непријатност кај лицата изложени на електричен удар.

Во август, ICE склучила договор со компанијата Compliant Technologies LLC за набавка на 6.000 пара ракавици. Уредот испорачува електричен импулс при директен контакт со кожата, предизвикувајќи силна болка, без целосна мускулна парализа каква што може да предизвикаат други електрошок-уреди.

Тестирањето спроведено од американската армија во октомври 2024 година покажало дека учесниците престанувале да даваат отпор неколку секунди по примената на електричниот импулс. Тие пријавиле болки, замор и страв од повторен удар, а кај еден учесник непријатноста траела и до 30 минути. Во извештајот била посочена и можноста влажната или мрсната кожа да го зголеми интензитетот на ударот.

Од ICE наведуваат дека ракавиците ќе се користат како средство за деескалација и алтернатива на смртоносната сила при апсења и депортации. Сепак, организациите за граѓански права изразуваат загриженост поради можната злоупотреба на уредите.

Производителот забранува нивна употреба против бремени жени, деца, постари лица и лица кои пружаат исклучиво вербален отпор.

Последни вести