Популарната апликација WhatsApp тестира нов начин на организирање на главното мени, со цел полесно користење и побрз пристап до разговорите и контактите.
Според информациите од бета-тестирањето, каналите би можеле да се преместат во делот Chats, каде што се наоѓаат приватните разговори. Воедно, постојната опција Updates би можела да отстапи место на нова картичка Contacts, наменета за полесно пронаоѓање контакти.
Промените се развиваат за Android и iPhone, но сè уште не е потврдено кога ќе бидат достапни за пошироката јавност. WhatsApp засега ги тестира можните решенија пред да одлучи кој распоред ќе го воведе официјално.