Коледарски оган во Чикаго
Коледарскиот оган ќе се запали во понеделник, 5 јануари 2026 година, со почеток во 07:00 pm.
Коледе е традиционален македонски народен и христијански обичај поврзан со празникот Бадник, денот пред Божик. Тој го симболизира радосното најавување на раѓањето на Исус Христос. Коледе најчесто се одбележува со палење коледарски оган, пеење коледарски песни и собирање на деца и млади кои го прославуваат празникот со радост, светлина и заедништво. Обичајот носи симболика на прочистување, заштита и благослов за домот и заедницата.
Нека е за многу години!