Пикник – Мала Богородица
Ве покануваме на голем семеен пикник по повод празникот Мала Богородица, кој ќе се одржи во недела, 21 септември со почеток во 11:30 часот во дворот на Македонската Православна Црква „Св. Кирил и Методиј“ во Вилобрук, Илиноис.
Очекувајте:
Вкусна скара
Жива музика со Христина Илиоска, Баже Смилевски и Крис Бајмакович
Забава и активности за деца
Добредојдени сте со семејството и пријателите, заедно да уживаме во добра храна, музика и македонско дружење!