Новата песна на Василија Петрова буди емоции: „Македонија да збера“ допира до срцето

Песната „Македонија да збера“ на Василија Петрова претставува силна музичка и емоционална приказна, инспирирана од богатото културно наследство на Пиринскиот регион и збогатена со автентичен македонски дијалект, кој и дава посебна длабочина и искреност. Станува збор за композиција што не е само музичка интерпретација, туку и симболична порака за единство, припадност и љубов кон татковината.

За Василија Петрова, оваа песна има посебно значење и претставува искрена молитва за Македонија, исполнета со емоција, надеж и силна патриотска порака.

„За мене, оваа песна претставува искрена молитва за Македонија. Во неа има силна емоција и порака што носи надеж, особено во време кога на народот му е потребна сплотеност и вера,“ вели Василија Петрова.

Преку внимателно избрани стихови, песната ја отсликува идејата за духовното и националното обединување на Македонија. Симболиката е особено нагласена во рефренот: „Цвеќе носа од Пирина, вода носа од Охрида, земја носа од Егеја – Македонија да збера“, каде преку мотивите од Пирин, Охрид и Егејот се испраќа моќна порака дека, и покрај сите историски и географски поделби, Македонија живее како една целина во срцата на луѓето.

Музичката обработка и аранжманот и овој пат му се доверени на познатиот музичар и продуцент Златко Миладиноски, чиј препознатлив стил дополнително ја збогатува автентичноста и емотивната тежина на песната.

„Што и да кажам за Златко ќе биде малку. Соработката со него секогаш носи професионализам, искрена емоција и посебно задоволство. Тој знае како музиката да добие душа и да допре до публиката,“ истакнува Василија Петрова.

Со „Македонија да збера“, Василија Петрова носи уште едно музичко дело кое не само што ја негува традицијата, туку и испраќа силна порака за единство, корени и љубов кон Македонија – без разлика каде живеат Македонците ширум светот

Последни вести